Европската инвестициона банка со средства, во висина од 45 милиони евра, влезе во процесот на претприватизација на “Електростопанство на Македонија”. Со ова банката, која истиот чекор го презеде и при продажбата на “Телеком”, на овој начин дава поддршка на процесот, односно нејзиниот влез треба да претставува гаранција за потенцијалните заинтересирани компании дека е сигурно да се инвестира во една ваква компанија. Договорот вчера во Скопје го потпишаа министерот за економија Стевчо Јакимовски и директорот на ЕСМ, Панде Лазаров од една страна и Ентони Марш, директор на одделот за енергетика на банката, од друга. Македонија има обврска во рок од две години, што значи најдоцна до октомври 2006 година, да го заврш и процесот на приватизација, а во спротивно средствата ќе се сметаат како кредит и ќе треба да се вратат. Ако приватизацијата заврши со избор на стратешки партнер, ЕБРД ќе одлучи дали ќе остане акционер или, пак, од парите за кои ќе се продаде ЕСМ, ќе се отплати долгот. Токму затоа, како што истакна министерот за финансии Никола Поповски, средствата ќе легнат во буџетот и ќе се чуваат на девизната сметка на НБМ, односно ќе бидат дел од девизните резерви. Претставникот на банката истакна дека има се; повеќе знаци дека се зголемува интересот за инвестирање во енергетскиот сектор, па оттаму се очекува и нашата приватизација да бид успешна, односно да се постигне добра цена за компанијата, како што впрочем беа успешни приватизациите на енергетските системи на Романија и на Бугарија. Според Панде Лазаров, директорот на “Електростопанство”, компанијата ве- ќе наголемо е влезена во процесот на реструктурирање. Па така, веќе денес УО ќе донесе одлука за одвојување на претпријатието на два дела и тоа едното за преност (МЕПСО), кое нема да се приватизира и второ – за производство и дистрибуција (ново ЕСМ) кое ќе се продава, а двете нови претпријатија веќе од јануари ќе треба да почнат да работат одвоено. Со делбениот биланс, кредитните задолжувања кои ги има ЕСМ ќе бидат поделени, односно ако заеми се земале за изградба на преносна мрежа, нив ќе ги враќа МЕПСО, а ако биле наменети за ревитализација или инвестирање во производството, ќе се префрлат на новото ЕСМ, кое така ќе се продава. Што се; ќе се продава, на кој начин и под кои услови ќе биде утврдено со програмата што ја изготвува советникот во приватизацијата, конзорциумот “Мајнел банк”


ЗДЕНКА ПАВКОВИЌ