Издадени над 1.000 лажни дипломи
На факултетите од Приштинскиот унверзитет во Косовска Митровица во периодот од 1999 до 2004 година, се издадени над 1.000 фалсификувани дипломи. Новоименуваниот ректор Здравко Витошевиќ тврди дека таква појава имало на сите факултети, но дека била најизразена на Филозофскиот факултет, каде во споменатиот период се издадени речиси 1.000 лажни дипломи. Вообичаената процедура за добивање дипломи траела најмногу до осум дена, но имало и експресно издавање за само еден ден. Цената на дипломите се движела од 1.500 до 3.000 евра.