Конер е убава девојка, но долго била несреќна заради килограмите. Со своите 120 кг имала проблем да стане, а потоа решила да преземе нешто по тоа прашање. Она што го постигнала ја направило инспирација за многумина. 

Успеала да ги преполови килограмите, односно да симне 60 кг и дури и да го освои првото место на бикини натпреварување и да стане модел за фитнес. Својата борба решила да ја објави на социјалните мрежи, а нејзината трансформација за кратко време станала хит.

Почнала со личен тренер и нутриционист, а со нивна помош симнала 45 килограми. 

Многу сум горда на себе, на своите белези и стрии кои ме потсетуваат колку сум постигнала”, рекла во едно свое интервју. “Неверојатно е да се подели приказната и да се има толкава поддршка од луѓето, но се постигнав првенствено благодарение на своето семејство кое ми беше голема поддршка”.