Британскиот стручњак за мода Том Шо открива дека жените секогаш треба да се облекуваат во склад со изгледот на своите нозе. Тој дава неколку скапоцени совети за тоа како да ги прикриете евентуалните недостатоци со гардеробата.

Ако имате долги и дебелки нозе
Немојте да носите капри-панталони, затоа што тогаш вашите нозе ќе изгледаат уште пошироки. Хеланките се забранети во вашиот случај, а и тесните фармерки. Но, траперките можат да направат баланс на пропорциите.

Чевли со отворени прсти ќе ве направат потенки, а доколку носите потпетици, внимавајте да не бидат претенки за вашиот стас. И нормално, се подразбира носете темни бои во долниот дел. Можете да додадете некој детаљ, како на пример брош на задниот дел од џебот, но да не биде преголем. Кога станува збор за здолништата, ѕвонестите со големи шари се уште се во мода, па слободно носете ги.

Доколку имате кратки и дебелки нозе
За почеток погрижете се горниот дел од облеката да не ви биде подолг од колковите. Подолгите парчиња ќе ве прават уште пошироки и пониски. Никогаш не носете широки панталони, а сепак доколку ги одберете, одлучете се за некоја темна боја. Никогаш не носете облека со хоризонтални линии, а здолништата и капри-бермудите секогаш нека ви бидат точно под колената.

Не заборавајте ги високите потпетици. Доколку не умеете да одите на нив или ако не ви се удобни носете чевли со средни потпетици или платформа, но никако рамни.

Ако имате кратки и слаби нозе
Правилата на облекување се слични како оние кои важат за кратките и дебелки нозе. Одбегнувајте крупни шари затоа што нозете ќе ви изгледаат послабо, но секогаш можете да се одлучите за ситен дезен. Повеќе носете светли бои.

Капри-панталоните одлично ќе ви стојат, но внимавајте да не бидат подолги од средината на листот од ногата. Хеланките се вистински избор за вас.

Долги и слаби нозе
На оваа комбинација многу жени и завидуваат. Слободно облечете нешто кусо и застанете на високи потпетици. Единствено што советува Том е да ги избегнувате вреќестите панталони. Фармерки со каков било крој, бермуди, шорц и слично сигурно одлично ќе ви стојат. Ѕвонестите здолништа ќе направат нозете да ви изгледаат послабо, но ако е секси, совршено ќе изгледа на вас.