Српски, но и странски државјани, најчесто се обидуваат да прошверцуваат преку граничните премини на Србија девизи, антиквитети и Албанци.
Само во текот на минатата година од патниците се одземени 8,5 милиони евра, по основ на направен девизен прекршок. Не е редок случај да се шверцуваат и антиквитети: стари евангелија, икони, антички монети, ументнички слики, стар мебел и друго, велат во Управата на царината на Србија во Нови Сад.
Во камиони кои доаѓаат од Косово, со германски регистарски таблички, фатени се и такви кои имаат двојно дно во товарниот сандак. Нивните возачи по правило ги игнорираат цариниците, под изговор дека не разбираат српски. По деталниот претрес во двојното дно биле пронајдени сокриени имигранти, Албанци од Косово кои немаат документи за легален излез од земјата.