-Значи гледаме колку голем раст имаме во изминатите шест години, но истовремено контрибуцијата на тој извоз минатата година од вкупниот извоз од Република Македонија околу 36 проценти е реализиран од компаниите во зоните. И она што е многу важно е, тоа е многу голема диверзификација на извозот, сега имаме голема додадена вредност, производи како катализатори, автобуси, воздушни перничиња, електроника, навлаки за седишта, но истовремено гледаме дека растот на извозот од година в година расте. Минатата година пораснавме за околу 26 проценти, а во февруари овој месец имавме најголем месечен извоз од зоните во износ од 145 милиони евра. Ако продолжиме вака со ова темпо, оваа година се планира зголемување уште еднаш од 20 – 25 проценти, што значи во блиска иднина ќе стигнеме до две милијарди евра извоз само од зоните, рече Мизо.