По еден месец од акцијата на Редакцијата “Вечер” и трите врвни македонски креаторки, во нашата Редакција вчера најголемата ѕвезда на М2 Елена Ристевска ги извлече среќните добитнички. Од многуте пристигнати пликови среќа да заблескаат во ноќта, која со нетрпение ја чекаат – матурската вечер имаа Лина Ангелова од Струмица, Милена Стевчевска, Александра Миљковиќ и Маја Ружиновска од Скопје. Вредните креаторки Бојана Неткова, Антонија Ристовска и Јасмина Пиличкова во наредните денови неуморно, во консултација со добитничките, ќе работат на осмислувањето и изработката на моделот за матурската вечер. Патем, девојките ќе добијат и гратис фризури во фризерското студио “Кул Кат”.