Фондот за здравствено осигурување не отстапува од воведувањето на можноста на избор на лек со доплата за неговите осигуреници. Во Законот за јавни набавки, според првиот фондовец Никола Пановски, нема одредби за издавање на лекови на рецепт, а правата на осигуренците се покриени со друга законска регулатива. Тој цени дека кочничарите што ја опструираат најавената можност на товарот на националната здравствена каса, со доплата на разликата да се издаваат и лековите кои се поскапи од најевтината парлела, се некои веледрогерии што се плашат дека со ова ќе ги загубат своите позиции. “Ако сега им ги рефундираме парите (до најниската цена што ја признава Фондот) за лековите што ги купуваат приватно, нема логика осигурениците да не можат во аптеките да го добијат лекот што го сакаат и што им го препорачал лекарот со доплата на разликата”, објаснува Пановски. Според него, концептот кој треба да обезбеди здрава конкуренција на фармацевтскиот пазар, веќе се практикува во речиси 50-тина приватни аптеки со кои Фондот има договор, како и во добар дел од јавните аптеки во внатреш- носта. Можност за издавање на лек со доплата за сите генерички лекови од позитивната листа ќе добијат и сите приватни аптеки кои ќе побараат да работат со националната здравствена каса. Во моментов, правото на избор е огранично на палетата од оние производители и веледрогерии, кои цените на своите паралели ги симнаа до најниската цена што на тендерот на Фондот беше постигната за еден лек. Поинаку кажано, осигурениците имаат можност за каков – таков избор, но без доплата. Само до пред некој месец на товар на Фондот за здравствено осигурување можеше да се добие само по еден лек, односно на осигуренците им следуваше само лекот од производителот што го одбрал Фондот. Правото на избор на лек со доплата е “пломбирано” во дел од ј а в н и о т аптекарски сектор, вклу- чувајќи ги и државните аптеки во Скопје единствено поради ука- жувањето од Министерството за финасии дека како јавни установи мора да работат во согласност со Законот за јавни набавки и дека доплата не е покриена со неговите одредби. ” Некој се плаши да не биде судски гонет за доплатата иако секојдневно го крши законот продавајќи лекови без лекарски рецепт”, објасни Пановски, нагласи дека можноста за доплата ги скусува маките на пациентите и непотребните администрирања.


РИСТЕ НЕДАНОВСКИ