Изборната комисија на Белорусија соопшти дека нема причина претседателските избори да бидат прогласени за неважечки, врз основа на резултатите од пребројувањето на гласовите на некои избирачки места.

Оттука велат дека аргументите за поништување на резултатите се хипотетички по природа и не можат да послужат како основа за одговор на претставките.

„Во овие околности, нема причина да се поништат изборите на избирачките места”, се вели соопштението на Централната изборна комисија, пренесува ТАСС.

Белорусија одржа претседателски избори на 9 август, а според конечните резултати на белоруската Централна изборна комисија, објавени на 14 август, актуелниот претседател Александар Лукашенко добил 80,1 отсто од гласовите.

извор: Makfax