Во Хрватска на полноќ почна изборниот молк во пресрет на утрешниот втор круг од претседателските избори.

Вкупно 3.860.000 гласачи ќе се изјаснат за Колинда Грабар-Китаровиќ (ХДЗ) или поранешниот премиер Зоран Милановиќ (СДП).

Изборниот молк ќе трае до недела во 19 часот, односно до затворањето на гласачките места.

 

Според последната изборна анкета, објавена синоќа во Дневникот на Нова ТВ, 45 проценти од испитаниците планираат да гласаат за Зоран Милановиќ, а 42 проценти за Колинда Грабар-Китаровиќ.

 

извор: Makfax