x

„Изберете ме и во Васко да Гама ќе ги донесам Ибрахимовиќ, Балотели и Џовинко!“

Кандидатот за претседател на бразилскиот прволигаш Васко да Гама, Луиз Роберто Левен Сиано вети дека ако биде избран ќе направи револуција во овој клуб со тоа што ќе го крене на врвно ниво, рамо до рамо со најдобрите во светот. Сиано вети дека во клубот ќе ги донесе Златан Ибрахимовиќ, Марио Балотели, Себастијан Џовинко, Јаја Туре и уште многу други…

Тој вели дека веќе склопил партнерство со менаџерот Мино Рајола, италијанскиот бизнисмен Фабио Кордеља кој би требало да му помогнат да ги ангажира овие фудбалери.

„Сакам Васко да Гама да биде меѓу најдобрите клубови во светот.  Балотели и Ибрахимовиќ имаат ист агент (Рајола). Можеме да се договориме“, изјави Сиано за „Фокс спорт Бразил“.

Ибрахимовиќ и Балотели оваа сезона играа за Милан и Бреша, а Џовинко е член на Ал Хилал од Саудиска Арабија. Сиано вели дека би го довел и екс-играчот на Сити Јаја Туре кој моментално игра во Кина.

Васко да Гама последен пат бил првак на Бразил во 2000 година, а две години претходно беше првак на Јужна Америка.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата