Добро знаеме дека производите кои се наменети за чистење на домот обично повеќе штетат, отколку што се корисни, но речиси невозможно е целосно да се ослободиме од нив.

Но, затоа пак, секогаш можеме да се послужиме со одлични идеи и трикови за чистење со кои ќе имаме блескав дом, а нема многу да си наштетиме на сопственото здравје.
Плочките во тоалетот
Потребни состојки:
 ¼ шолја хидроген пероксид
 1 лажица течен сапун
 ½ шолја вода
Како да го употребите препаратот?
Измешајте ги сите состојки и со сунѓер нанесете ги на плочките за да ги исчистите нечистотиите од плочките. Оставете препаратот да дејствува барем 10 минути, а потоа исчистете ги со вода.

Копчињата од рерната
Потребни состојки:
 Стапчиња за уши
 Стара четка за миење на заби
 Капки од 10% раствор од амонијак
Како да го употребите препаратот?
Стапчињата за уши потопете ги во растворот и со нив очистете ги сите копчиња, а потоа со четка за заби и вода отстранете го амонијакот. Внимавајте, секогаш да употребувате и ракавици за да ја заштитите кожата на рацете.

Кујнските филтри од респираторот
Потребни состојки:
 ½ шолја сода бикарбона
 ½ шолја амонијак
Како да го употребите препаратот?
Потребно е да зовриете вода во голем сад и полека да додавате од сода бикарбоната со лажица. Ставете ги филтрите во водата. Маснотиите и нечистотиите веднаш ќе почнат да се чистат. Ако нечистотиите не се отстранети целосно од филтерот, измешајте ½ шолја амонијак и ½ шолја вода. Пред да чистите со амонијакот, отворете ги прозорите за да не го вдишувате истиот.

Душеците
Потребни состојки:
 235ml 3% раствор од хидроген пероксид
 3 лажици сода бикарбона
 Капка течен сапун
Како да го употребите препаратот?
Направете ја мешавината веднаш пред да започнете со чистење за да биде поефикасна. Истата ставете ја во прскалка и нанесете ја на дамките. Оставете ја да отстои 5 до 10 минути, а остатоците од сода бикарбоната соберете ги со правосмукалка.

Рерната
Потребни состојки:
 Амонијак
Како да го употребите препаратот?
Ставете го амонијакот во мал сад и ставете го во рерната да отстои преку ноќ. Оставете барем еден отворен прозорец за да се проветрува кујната. Рерната повеќе не треба да мириса, но внимавајте, секогаш кога употребувате амонијак да бидете во просторија со отворени прозори и заштитени раце.

Апаратот за брзо греење на вода
Потребни состојки:
 Оцет
Како да го користите препаратот?
Наполнете го апаратот со еднакви делови вода и оцет и оставете ги да зовријат. Потоа уште еднаш исчистете го апаратот.