Контроверзниот сопственик на италијанскиот калчолигаш Наполи, Аурелио де Лаурентис посака аргентинскиот интернационалец Гонзало Игуаин и во следните пет сезони да го носи “азурниот” дрес.

Брзоногиот напаѓач е проценет на повеќе од 70 мил. евра, а интерес за неговите услуги покажаа најбогатите европски клубови кои сигурно ќе испратат официјална понуда за време на летниот преоден рок.

Сакам да го продолжиме договорот за уште пет сезони. Ми се допаѓа Гонзало Игуаин и како фудбалер и како личност. Би сакал да остане во Наполи до крајот на кариерата. Ако има вредност неговиот збор, тогаш тој ќе исполни тоа што го вети и уште пет години ќе игра за Наполи, изјави Де Лаурентис.