x

Играч на Јунајтед одиграл едно полувреме во Париз со „едно око“

maktomini

Играчот на Манчестер Јунајтед, Скот МекТомини, беше еден од најдобрите играчи на вчерашниот дуел во Париз против ПСЖ. Меѓутоа во текот на првиот дел се соочил со проблем, играл практично со „едно око“, но и покрај тоа беше одличен во средината на теренот за „Црвените ѓаволи“.

„Скот имаше импресивен меч. Неговата игра е поимпресивна ако се знае дека во првиот дел играше со една контактна леќа, откако едната ја загубил веднаш по самиот старт од мечот“, рече тренерот Солскјер по мечот.

Манчестер славеше 2:1, а головите за „Ѓаволите“ ги постигнаа Фернандес и Рашфорд.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата