x

Играч на Интер потпиша за Црвена Звезда

ep1imfkxuaadq7x

Францускиот интернациооналец Аксел Бакајоко е најновото засилување на тимот на Црвена Звезда. Крилниот напаѓач доаѓа како засилување од Интер каде што мина поголем дел од неговата досегашна кариера под договор, но во првиот тим не доби шанса. Беше на позајмица во Сошо односно швајцарски Сент Гален.

Според српските медиуми ќе заработува солидни за баклански услови 12.000 евра по сезона, а потпиша три и пол годишен договор. Во голема мера удел во пристигнувањето во Белград на овој талентиран 22. годишен младински репрезентативец на Франција има и самиот тренер на Звезда, Дејан Станковиќ затоа што се знае неговото влијание во Милано каде што со години беше алфа и омега во тимот на Интер.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата