x

Играч на Бешикташ ќе ги решава проблемите во средниот ред на Милан

Милан е во преговори со фудбалерот на Бешикташ, Мохамед Елнени, соопштил таткото на фудбалерот. Елнени кој игра во средниот ред, во тимот од Истанбул игра како позајмен од Арсенал. Оваа есен запиша 17 натпревари.

„Преговорите меѓу Мохамед и Милан се во напредна фаза, но договорот и натаму не е потпишан. Во скоро време тој ќе потпише за Милан“, изјавил таткото Насер Елнени.

Арсенал го купи играчот од Базел за 12,5 милиони евра во 2016 година, но немаше некој забележителен настап на „Емирати“.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата