x

Играчите на Струга ТЛ најдобар начин му го честитаа роденденот на Захариевски!

srle-rodenden

 

Некогашниот репрезентативец на Македонија, поранешен член на Силекс, Штутгарт, Вардар, Металург и уште многу други клубови, а сегашен тренер на Струга Трим Лум, вчера наполни 47 години. А најубавата роденденска честитка ја доби од своите играчи кои одиграа одличен натпревар, најдобар досега во тековната сезона и со 2:0 го победија “непобедливиот“ Силекс, кој за првпат оваа сезона мораше да признае дека има некој и подобар од него. Се разбира дека својата заслуга имаат Алтипармаковски, Лена, Миленковски, Мециновиќ, Шеји и останатите, но со измените, со тактиката и со се останато што го направи, овие три бода веројатно во најголем дел се и дело на славеникот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата