x

Играчите на Вест Хем се израдуваа, но ВАР ги „олади“ (видео)

Во англиската Премиер лига играат Вест Хем и Челзи, а по првото полувреме резултатот е 1:1. Во 34 минута „чеканите“ кои се домаќини на овој меч постигнаа гол. Томас Соучек беше на вистинското место и ја затресе мрежата  на гостите и додека се радуваа. Судијата Мартин Аткинсон ги олади. По консултација со ВАР го поништи голот поради офсајд на еден играч на Вест Хем (ВИДИ СЛИКА).

Во во 42 минута Челзи поведе откако Аткинсон досуди пенал по прекршокот на Диоп. Вилијан ја затресе мрежата. Сепак, Вест Хем изедначи во судиското продолжение. Соучек ја закова топката во мрежата на Кепа.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата