x

Играчите на Вардар бесни – за утре најавија заеднички став!

Хаосот во Вардар трае со месеци и месеци од избори до избори и на крајот остануваат само наталожени долгови, несреќни фудбалери, конфузен стручен штаб и безидејна управа.

Најголемиот фудбалски бренд во земјава со месеци тоне и никој не подаде рака за спас. НИКОЈ!

Клуб со таква историја, традиција, имиња и презимиња! Сите тие сега се во „дупка“ сокриени и молчат. Молчат затоа што немаат што да кажат. Ги има само кога Вардар има пари, кога се вртат „милиони“… Веќе видена приказна во ФК Вардар и неговата историја, легенди.

Ги нема ниту навивачите, играчите оставени сами на себе. Преговори се вршат со луѓе кои исто како и самите тие во клубот се од интерес и од ништо друго. По веста дека сите играчи се слободни и дека од денеска Сергеј Самсоненко не е во клубот владее општ молк. Како и во минатото како и во сегашното време на Сергеј и она минато на УФА, на Трифун…

Град Скопје го нема никаде, а почетокот на сезоната е за три недели. Играчите по состанокот со управата разочарани, остануваат на улица, сите вртат по менаџери – бараат клубови. Најавено е дека сите играчи утре ќе излезат со заеднички став околу случувањата во клубот – во првакот за минатата сезона ФК Вардар – Скопје!

Најавено е дека нов состанок на челните лица и фудбалерите ќе има во понеделник кога сите ќе потпишат договори дека Сергеј Самсоненко до 31 декември ќе им ги исплати заостанатите долгови. Нешто слично како и во ракометниот клуб. Тешко на ваков клуб со ваква управа, со вакви легенди па и навивачи кои со месеци ги нема никаде со реакција и обид да се спаси клубот. Благо Георгиев кој имаше интерес да го преземе клубот уште го нема со парите. Изборите поминаа…

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата