Споменатата институција, докажа дека овој тенисер имал наместени натпревари на ИТФ турнирите во Јужна Америка во ноември 2015 година. Јапонецот се обложил на вкупно 76 средби во 2015 година и воопшто не сакал да соработува со ТИУ.

Јапонецот тој месец му понудил на Јошуа Четуји да покаже лоши перформанси на турнирот во Јужна Африка. За таквата понуда, Јапонецот платил околу 2000 долари, и по 600 долари за секој наместен натпревар во довјки. Четуји ја одбил таа понуда, па ја пријавил во единицата за интегритет во тенисот.
По дознавањето на ваквата информација, на сила стапува доживотната суспензија за Јапонецот, кој што нема право да ја обжали оваа одлука.

Митчухаши својот најдобар ранкинг го имаше во 2009 година, кога успеа да се пласира на 295. позиција на АТП листата.