x

Играл за 38 долари месечно, претрпел две тешки повреди, а сега е на пат кон НБА

Џасиел Риверо, кошаркар на Сен Пабло Бургос, има зад себе неверојатна приказна. Овој 26-годишен кошаркар од Куба би требало да замине во Далас Маверикс, а во минатото имал многу тешки мигови.

Пред шест години Риверо играл во првенството на Куба и имал договор на 38 долари месечно. Потоа имал и две тешки повреди на коленото, а сега Далас се решиле да го ангажираат од следната сезона и да биде дел од најсилната лига во Светот.

Наводно Риверо веќе ги договорил условите со кои ќе настапува во Далас во тандем со Дончиќ. Ете што е живот, пред шест години едвај преживување, и сега милиони.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата