Одбојкарското и ракометното игралиште на песок на Кејот на реката Вардар, од страната на Луна паркот, од денеска, 7 јуни, почнуваат со работа.

Сите заинтересирани граѓани, ученици, студенти, спортски клубови, здруженија на граѓани и сл., можат бесплатно да спортуваат и да се рекреираат на игралиштата на песок. Горенаведените спортски терени ќе бидат отворени за спорт и рекреација, секој ден во термините од 10 до 24 часот.

Закажувањето може да се врши на следниов телефонски број: 072/808-200, во периодот од 10 до 24 часот секој ден, или на самото игралиште во горенаведениот период .

Терминот за бесплатно користење е со времетраење од еден час.

извор: Makfax