Вардар не ја повтори полетната и машка игра од Констанца, од претходното коло, кога на гости го совлада романскиот првак. Во четвртиот настап во Лигата на шампионите, во Сегедин, против унгарскиот Пик Сегед, “црвено-црните” се претставија во крајно бледо издание, прика- жувајќи ја најлошата игра досега. Во нашиот состав ништо не функционира- ше, почнувајќи од бековската линија, нападот и најмногу крилните позиции. Се доби впечаток како нашите да играа, но со мислите беа кон шпанската Барселона, со која треба в сабота во “Кале” да одлучат која од овие две екипи ќе ги продолжи натпреварите во Европа, а кој ќе остане дома. Желба на вардарци да се претставиме во добро издание, да се освои барем бод, кој ќе беше голем како победа траеше само во почетните пет минути игра. Од тој момент цврстата одбрана на Пик Сегед не ни даде можност да се размавнеме од бековските позиции, а крилата како да не постоеја. Тренерот Драган Ѓукиќ не можеше да се справи со унгарската одбрана 6-0, која беше многу “еластична” и подвижна, со затворање на сите “дупки” од каде што Кајганиќ, Јоноски и Колев се обидуваа да бијат на голот на Сенте. Уште една “финта” од страна на унгарскиот тренер Петер Ковач, кој на општо изненадување на реваншот место извонредниот Србин Пуљезовиќ на голот го стави Унгарецот Габор Сенте. Вториот блескаше, собирајќ и ги сите “удари” на неговиот гол и Пик Сегед ве- ќе имаше убедлива предност од 4 до 6 голови, која ветуваше на крајот и убедлив пораз на нашиот тим. Поразот боли, но и не значи крај на надежите дека се е загубено. (В.П.)