x

Игор Франговски – Комесар за натпревари: Подготвени сме, новата сезона во ПМФЛ може да почне!

igor-frangovski

По точно пет месеци пауза поради корона кризата, конечно утре ПМФЛ или нашиот елитен фудбал се враќа на сцената. Со мечот Вардар – Борец, утре во 17:30 часот на Арената “Тодор Проески“ во Скопје стартува новата сезоната 2020/2021.

За тоа дали ФФМ е подготвена, односно дали може со оглед на ова време – невреме поради Ковид-19, да се игра фудбал, СПОРТМЕДИА го прашува Комесарот за натпревари на ФФМ Игор Франговски.

Да, апсолутно сме подготвени и едвај го чекаме стартот на сезоната кој по многу нешта ќе биде невообичаена со оглед на Ковид-19 ситуација и во нашата држава. Она што беше до Фудбалската Федерација, до Комисијата за натпревари е направено, сега останува да се види што можат самите клубови, пред се играчите да сторат на теренот“ вели Франговски.

МОРА ДА СЕ ОДИГРА 75% ЗА ДА ИМА ШАМПИОН

Во минатата сезона која не се доигра од познати причини имаше некои недоречености.

Сега веќе нема да биде така. Донесени се нови правилници во кои стрктно се знаат работите, нема веќе ништо непознато. Па така за прогласување на шампион во сезоната 2020/2021 ќе мора да се одигра најмалку 75% од првенството. Ако на крајот две екипи имаат ист број бодови, подобро пласирана ќе биде онаа екипа која има подобар меѓусебен скор, но само ако се одиграни сите три меѓусебни меча. Во спротивно ќе решава гол разликата. Оваа сезона ќе има 12 клубови, исто така и сезоната 2021/2022 во ПМФЛ ќе има 12 клубови. Па затоа во оваа сезона во понизок ранг ќе испаѓаат две екипи, 11-тата и 12-тата а деветата и десетата ќе играа бараж со второпласираниете екипи од двете втори лиги. Во оваа сезона важи правилото за младинци до 21.година, но младинец ќе се смета само ако тој играч има наш спортски пасош. Оној што е младинец а игра за друга младинската репрезентација не може да игра како младинец како што беше лани, тука го земам примерот со Имери во Шкендија. Другото е горе – долу општо познато, нема некои посебни дилеми“ посочува Комесарот за натпревари.

ЌЕ СЕ БАРА НАЧИН ЗА ВРАЌАЊЕ НА ПУБЛИКАТА

ПМФЛ почнува во екот на пандемијата на Ковид-19. Повеќе од јасно е дека ќе има проблеми со оглед на короната, но затоа тука се протоколите кои се донесени токму за овие натпревари во ПМФЛ.

Најинтересно е тоа што колку и да има заразени со Ковид-19, тука мислам на некоја разумна бројка во една екипа таа екипа мора да го одигра мечот. Ако има 11 способни играчи тогаш ќе игра, па макар играла и со младинци. Значи нема откажување на меч ако има “фатено“ корона 7-8 играчи од една екипа. Имаше таков пример со младинци да се игра и во Русија и во Шпанија. Е сега ако се случи толку страшно да навистина не може да се игра тогаш јасно е дека ќе мораме нешто да преземеме. Исто така во првите неколку кола екипите не ќе можат да ги користат соблекувалните, но ќе видиме како тоа ќе функционира. Ќе се обидеме тука нешто да смениме, но секако со знаење на Кризниот штаб на државата, во од ќе им укажуваме она што е потребно да се зголеми во однос на рестрикциите, и да се намали. Се со цел да не се загрози здравјето на играчите, а нели, тоа е во преден план во ова време – невреме што се вели. Ново е тоа што за извесно време ќе побараме да може да се игра и со публика, секако со редуциран број. Знаеме дека кај нас на нашите стадиони и онака нема многу публика, но и таа што доаѓа не треба да ја загубиме. Сепак реков дека во од некои работи ќе ги решаваме, најважно е првенството да почне“ заврши Франговски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата