Македонскиот политички и партиски систем е трул и спремен за пензионирање, вели активистот Ивор Мицковски, додавајќи дека повеќе не сме во состојба да создадеме власт која ќе владее, особено власт доволно силна за да спроведува реформи.

– Со било која комбинација од партии на власт, ќе добиеме тендерска коалиција, и дил ориентед политика.

Најреално во ваква ситуација е техничка влада за сите да го поделат теретот и криминалот.

Не чекаат предизвици каде со силна опозиција или власт која зависи секој ден од неколку пратеници или една партија, поделбите само ќе растат, а промените само ќе се одложуваат.

Резултатот покажува колку се нереални и неспособни во актуелната власт, и баш ме интересира како сега ќе се однесуваат со ДУИ. Буквално ги воскреснуваат по втор пат.

Лажната идеја за “едно општество за сите”, како и лажниот граѓански концепт, сите филмови за независни и граѓанство, дефинитивно потонаа. Нереформирано и деструктивно ВМРО ти дише во врат и покрај се. Тоа се случува кога си лажен.

Овој систем е трул и ќе продолжи да произведува само трули компромиси, порача Мицковски.