Гостин во Централниот дневник на 1ТВ беше поранешниот градоначалник на општина Аеродром, Ивица Коневски кој зборуваше за претстојните претседателски избори.

-Во прицип состојбата во државата не е идеална, економската состојба е лоша, немаме инвестиции, даноците се покачуваат на сметка на граѓаните, 500 евра плата која беше ветувана сѐ уште ја нема, не верувам дека ќе ја има. Тоа незадоволство на граѓаните треба да се валоризира и да се победи на изборите, рече Коневски.

Се осврна и на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова.

-За неа имам позитивно мислење, ја поздравувам одлуката за нејзиниот избор. Таа има капацитет да повлече неопределени гласачи, но постојат различни мислења во партијата за нејзината кандидатура. Мене сѐ уште не ми е јасна нејзината идеолошка поставеност меѓутоа за неа како лик имам позитивно мислење, истакна Коневски.

Во своето гостување одговори и на прашање за бизнисменот Азманов во врска со донации за кошаркарскот клуб МЗТ.

-Бев изненаден од таа изјава, контекстот беше дека морал да помогне на спортскиот клуб. Се изненадив бидејќи тогаш сметав дека тоа го прави затоа што сака да го прави. Лично сметам дека бизнисмените треба да помагаат во спортот. Но, целта не била да се помогне на споротот туку во прашање бил личен интерес, жалам за тоа и се надевам дека бизнисмените ќе помагаат во споротот во иднина, вели Коневски.