Иван Маринковиќ целосно се разнежнил кога Миљана му родила син Жељко, и повеќе не споменува ДНК тест но и не престанува со груби зборови.

Имено тој постојано се слуша со Миљана и таму е колку што таа му дозволува, но како што вели ако нејзините родители се замешаат и ако не му дозволуваат да го гледа своето дете, подготвен е и да го грабне ако треба.

“Треба да видам како тоа оди со пријавување на дете бидејќи планирам да му го дададм своето презиме и да го признаам, а ако тие не сакаат, јас можам и сам да се грижам за синот. И реков дека толку многу го засакав синот и дека ќе го грабнам ако се обидат да го одвојат од мене на било кој начин. Тоа нема да излезе на добро”, искараен е Иван.

Тој додава дека и односот на Миљана го нервира во некои ситуации, но ќе се потруди за своето дете.

“Во еден момент во собата експлодира сијалицата, Миљана се разбуди и веднаш помисли какво ли е тоа претскажување. И реков што зборуваш, тоа не е ништо, секој ден пукаат сијалици. Тоа ме изнервира во секунда, затоа и се заканив дека кај мене бебето да го чувам. Таа е многу млада мајка, има болки, не јаде ништо, нервозна е и преморена. Се надевам дека нејзините нема да се мешаат, бидејќи спротивно може да се случи сешто, а бебето најмногу ќе трпи и страда. И нејзиниот татко Сики мора да ги смири страстите и да ја спушти топката. Не сум јас Индијанец!”, вели Иван и додава дека бившата сопруга Гоца Тржан се уште не му го честитала раѓањето на синот, а ни неговата ќерка Лена која добила полубрат.