– На идниот претседател му посакувам да ги исполни сите ветувања зашто тоа граѓаните го очекуваат и да го сочува достоинството на институцијата Претседател, истакна претседателот Ѓорѓе Иванов откако гласаше во вториот изборен круг на избирачко место во Средното училиште „Јосип Броз Тито”.

Како и сите граѓани и јас лично очекувам овој изборен ден да помине во најдобар ред и веќе вечер да знаеме кој ќе биде петтиот претседател на државата, рече Иванов и уште додаде оти очекува идниот претседател да има многу помирен мандат, да се справи со сите предизвици и да наоѓа решенија со сите институции за добробитта на земјата, на граѓаните и за остварување на стратегиските цели што ги имаме поставено.