Македонија денеска го празнува Денот на Републиката 2 Август и двата историски Илиндени – 115 години од почетокот на Илинденското востание и 74 години од Првото заседание на АСНОМ.

Претседателот Ѓорге Иванов ќе ја предводи делегацијата на Мечкин Камен во Крушево. Тој ќе положи свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, како и на Споменикот на хероите во месноста Слива. Предвидено е по положувањето на свежо цвеќе на Мечкин Камен, претседателот да има обраќање.

На пладне претседателот ќе присуствува на свеченост во чест на Крушевската Република – Првата Република на Балканот, народен собир на Мечкин Камен.

извор: Makfax