По иницијатива на Министерството за надворешни работи, денеска во 18 часот во Клубот на пратениците ќе се одржи координативен состанок на државно-политичкиот врв.

На средбата ќе се разгледува иницијалната рамка за решавање на разликата за името што ја предложи медијаторот од Обединетите нации, Метју Нимиц, на 17 јануари во Њујорк.

Како што соопшти МНР, на состанокот ќе учествуваат претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи, Никола Димитров, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, и претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

извор: Makfax