Претседателот Ѓорге Иванов, престојува во работна посета на Република Турција. Во рамки на посетата тој во Сивас на престижниот универзитет „Џумхуријет“ ќе одржи предавање на тема: „Ататурк и Македонија“.

Универзитетот „Џумхуријет“, на кој се образуваат над 56.000 студенти годишно, и е составен од 17 факултети, четири институти, пет колеџи и 14 стручни училишта ќе му додели почесен докторат на претседателот Иванов. За време на престојот, македонскиот претседател ќе оствари средба со градоначалникот и со гувернерот на Сивас.

Во рамки на работната посета на Турција, претседателот Иванов во Истанбул ќе учествува и ќе се обрати на Глобалниот форум за лидерство кој годинава се одржува на тема „Променливиот изглед на регионите во светло на глобалните парадигми за одржливост: Крстопатот на меѓународните алијанси“. На Глобалниот форум за лидерство учествуваат политичари, амбасадори и истакнати професори од Турција и од светот.

извор: Makfax