x

Ивановски стрелаше против Ристевски, Диосѓер го победи Ујпешт

Мирко Ивановски со својот гол број пет во Унгарија, најави победа на Диосѓер во дуелот со Ујпешт. Ивановски стрелаше во 7. минута, за водство од 1:0 за домашниот тим.

Потоа домашните стигнаа и до 2:0, а на крајот Ујпешт со играч помалку стигна до намалување. За гостите цел меч играше Кире Ристевски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата