x

Ивановски: Одамна не следам македонски фудбал, а Хајдук е сѐ полош

ivanovski

Мирко Ивановски беше „мета“ на хрватските новинари пред дуелот со Ренова во Лигата на Европа. Ивановски е последниот Македонец кој го носеше дресот на сениорскиот тим на оваа екипа, иако сега во тој тим потпишаа двајцата млади Азар Омерагиќ и Леонид Игњатов.

Ивановски за „Далматински портал“ вели дека македонскиот фудбал не го следи, но дека му е жал за неговиот поранешен тим.

„Македонскиот фудбал не го следам, и не би можел ништо да ви кажам. Што се однесува до Хајдук, навистина ми е жал. Додека бев во Астра, во една сезона сменив седум тренери, мислев дека тоа нема никаде да го доживеам, а го доживеав во Хајдук. Често се менуваат тренери, се продаваат играчи, се носат некои фудбалери непознати. Навистина, толку многу трошат, а од година во година се полоши. Сметам дека додека бев јас, бевме подобра екипа од оваа сега. Тогаш за малку не успеавме да ја елиминираме Стеауа. Можевме да направиме многу. Не дека јас бев таму, туку дека имавме одлични играчи“, смета Ивановски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата