Ивана ќе го гледа изборот на телевизија
Ивана Стојановска (17) од Струга, која минатата година во Универзалната сала победи на домашниот избор за Мис на универзумот, не замина во Тајланд каде што викендов ќе се одржи светскиот избор. Како причина за нејзиното неучество на изборот, како што ни изјави Мики Црнокрак, се недостаток на финасиски средства. “Првичниот договор со организаторите беше да платиме пет илјади евра. Ние тоа го сторивме но, три недели пред Ивана да замине во Тајланд ни побараа уште дваесет илјади евра. Голема сума која некако успеавме да ја симнеме на десетилјади евра- пари кои до последен момент се обидувавме да ги добиеме од некои наши спонзори, но не успеавме” – ни изјави Мики Црнокрак. Инаку, деновиве 32 учеснички од исто толку држави активно се подготвуваат за големиот спектакл, кој по 54-пат ќе се одржи во најелитниот хотел Дусит Тхани во Бангкок.