Ѕвездата на Милан, искусниот шведски напаѓач Златан Ибрахимовиќ, наводно е во тајна врска со популарната италијанска водителка Дилета Леота.

Популарното италијанско списание „Чи“ носи ексклузива којашто крена многу прашина во Италија. Славниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ има афера со популарната  Дилета Леота?

Златан и Дилета неодамна снимија интересна реклама, а Италијанците тврдат дека не е само тоа. Нивната афера наводно се случила во Сардинија, каде новинарката го прослави својот роденден во неделата.

Прославениот фудбалер, наводно, ги сместил сопругата и синовите во хотел, а потоа се нашол со убава водителка.

– Двајцата дојдоа во ист ресторан. Она што точно се случило внатре не е познато, бидејќи тие биле во делот што е затворен за јавноста. Фактот дека пристигнале на истото место во исто време секако не е случајност”, пренесува Чи. “.

Дилета веќе подолго време е беше врска со популарниот боксер Даниел Скрадина, меѓутоа, парот раскина веднаш по снимањето на рекламната кампања во која учествуваа Златан и Леота.

Тогаш започнаа да кружат приказни дека Златан е причината за раскинување на оваа љубовна врска. Сепак, сето тоа засега се шпекулации.