x

Ибра паузира уште два дена, но ќе игра против Сасуоло

ibrahimovic-i-pioli

Милан нема да ризикува со враќањето на Златан Ибрахимовиќ на мечот против Џенова вечерва, но Швеѓанецот треба да биде подготвен за дуелот против Сасуоло овој викенд. Швеѓанецот ќе го пропушти четвртиот натпревар во Серија А и седмиот низ сите натпреварувања поради проблем со тетивата.

„Газета дело Спорт“ известува дека на Ибрахимовиќ му било кажано да продолжи да работи одделно уште неколку дена по вчерашните медицински консултации. Весникот открива дека неговото враќање е одложено само за неколку дена, затоа што Пиоли ќе го има во тимот за гостувањето во Реџо Емилија на мечот со Сасуоло.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата