x

Ибра вчера се врати во Милан, а денеска го постигна првиот гол

Златан Ибрахимовиќ вчера се врати во Милан, а веќе денеска го постигна првиот гол и асистенција за победа од 9:0 на „росонерите“ во пријателскиот меч против нисколигашот Роденсе.

Калабрија ги постигна првите два гола за Милан, а потоа и му асистираше на Ибрахимовиќ, кој го зголеми водството на 3:0. Потоа Ибра му асистираше на Каханоглу за четвртиот гол, додека Пакета постигна погодок за 5:0 на полувремето.

Во второто полувреме Милан играше со комплетно поинаков тим и запиша победа од 9:0

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата