x

Ибрахимовиќ: Јас сум како Бенџамин Батон, се подмладувам и ќе си умрам млад

ibrahimovic-2

Златан Ибрахимовиќ беше творец на победата на Милан против Болоња во италијанската Серија А. Шведскиот напаѓач кој наскоро ќе полни 39 години даде два гола во триумфот од 2:0.

Добро се чувствувам. Да имав дваесетина години ќе постигнев уште два гола. Но имам 38 години. Јас сум како Бенџамин Батон (од филмот „Необичниот случај на Бенџамин Батон“), не стареам туку се подмладувам и ќе си умрам млад. Шегата на страна, играм добро, екипата игра добро, гледам подобрување кај сите. Се уште не сме 100% подготвени, нормално е да се прават некои грешки, меѓутоа од секогаш било важно да се стартува добро. Ние добро почнавме па ќе видиме што ќе се случува понатаму“, изјави Ибрахимовиќ.

И така Швеѓанецот 22 различна сезона постигнува гол(ови) што е импресивен ефект.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата