x

Ибрахимовиќ за МЛС: Американците не знаат да играат со нозе туку само со раце

Златан Ибрахимовиќ наскоро ќе оди во италијански клуб, но името се уште се држи во тајност. Швеѓанецот пред неколу недели ја напушти американската Мејџор Сокер Лига и најави дека ќе оди во Италија, но се уште не е познато во кој клуб.

За американската авантура Ибра изјави:

„Мило ми е што имав искуство во Лос Анџелес, посебно после повредата, кога многу луѓе рекоа дека не можам да играм повеќе. Им покажав дека се уште сум добар и можам да играм на професионално ниво. За Американците и нивниот фудбал? Тие се уште мора да растат на тактичко и техничко ниво. Трчаат, се борат, но не знаат да играат со нозе, туку само со раце што не е чудно бидејќи традиционалните американски спортови се со раце“, изјави Ибрахимовиќ.

 

„Има фудбалери кои играат фудбал и други кои размислуваат фудбалски. Кога некој ќе измисли нов начин на играе на фудбал, другите се обидуваат да го следат. Јас сакам да сум различен од другите. Не сакам да направам една или две добри работи, туку многу, многу добри работи“, вели Швеѓанецот.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата