x

Ибрахимовиќ без одговор на последната понуда на Милан, го пропушта стартот

zlatan-ibrahimovic-_171b22bbd88_medium-e1589225005254

Златан Ибрахимовиќ не одговори на последната понуда на Милан, па се очекува да го пропушти стартот на подготовките кој е закажан за понеделник.

Шведскиот напаѓач бара шест милиони евра и двегодишен договор, а „росонерите“ нудат нешто слично, но значително помала сума.

Актуелниот договор на Златан истекува на 31. март, но италијанските медиуми пишуваат дека ниту клубот, ниту играчот имаат одредено рок за продолжување на нова соработка. Во редовите на Милан се оптимисти, веруваат дека наскоро ќе биде решено ова прашање.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата