Популарната фолкерка Зуица Лазова заради приватни обврски го одложи своето учество на претстојниот фолк фест “Валандово 2005”, иако секогаш со задоволство ги прифаќа поканите за овој реномиран фестивал. На 28 мај Зуица ќе одржи концерт во Штутгард, Германија, заедно со крушевската група “903”. (Ва.Ѓ.)