Таинствената сметка за Санадеровиот престој во Верона се уште не и е презентирана на хрватската јавност. Прво, според портпаролот на владата Ратко Мачек, премиерот ја изгубил сметката, но завчера од хотелот “Вила кварантаè каде престојувал, му било испратено копие, меѓуто тоа како приватен документ не може да и се презентира на јавноста.
Сето ова толку ја заинтригира јавноста, што се навестува дека за тоа патување истрага ќе поведе и парламентарната комисија за судир на интереси, на чии членови наводно и се наметнувала дилемата: Зошто Иво Санадер на службено патување плаќал сметки од свој џеп и дали тоа имало некаква врска со таинствениот лобистички договор за “Пливаè?