Здравствените експерти на Јужна Кореја ги истражуваат можните објаснувања за малиот, но растечки број на луѓе кои се опоравиле од болест „Ковид-19“ и повторно се позитивни од вирусот.

Експертите наведуваат повторна инфекција, релапс или непрецизни тестови како можни причини за новите позитивни случаи на коронавирус.

Јужна Кореја досега има пријавено 141 ваков случај, според корејскиот центар за контрола и превенција на болести (KCDC).

Иако реинфекцијата ќе биде најзагрижувачко сценарио, бидејќи укажува на тоа дека имунитетот не е развиен, а КДЦЦ и другите експерти велат дека е малку веројатно објаснување. Наместо тоа,беше објавено дека станува збор за некаков релапс или реактивирање на вирусот.

Ова би значело дека делови од вирусот „одат во хибернација“ некое време, или дека некои пациенти имаат услови што го ослабнуваат имунолошкиот систем, што ги прави подложни на вирусот да се реанимализира во нивните тела, објаснуваат експертите.

Неодамнешните истражувања на лекарите во Кина и САД покажаа дека новиот коронавирус може да ги оштети Т лимфоцитите, познати како Т-клетки, кои играат клучна улога во имунолошкиот систем и неговата способност да се борат со инфекции.

Ким ЖонгКи, виролог на Универзитетскиот колеџ за фармакологија во Јужна Кореја, го спореди релапсот со пружина.

„Кога ќе ја притиснете пружината, таа станува пониска, но кога ќе ја тргнете раката, таа се протега“, вели тој.

Доколку се утврди дека станува збор за релапси отколку за нови инфекции, тоа укажува дека епидемиолозите мора да размислат за нови предизвици во ограничувањето на ширењето на вирусот.

„Здравствените власти во Јужна Кореја се уште не откриле дека има случаи кога овие „реактивирани“ пациенти го пренеле вирусот на трети лица, но доколку се потврди таков пат, тоа би било огромен проблем, вели Шол Даи-Ву, специјалист за развој на вакцини во Универзитет Чунг-Анг.

Тестовите RT-PCR што ги користи Јужна Кореја се сметаат за сигурни, но експертите предупредуваат дека секогаш постои можност за лажни или неконзистентни резултати во мал број случаи.

Тестовите на RT-PCR се точни во 95% од случаите. Тоа значи дека може да биде до пет проценти од оние со лажно-негативни или лажно позитивни резултати – вели Ким.

Сеул вели дека остатоците од вируси во организмот можат да бидат во толку ниски концентрации што тестот веќе не може да ги открие.

Од друга страна, овие тестови можат да бидат толку чувствителни што откриваат мали, потенцијално безопасни количини на вирус и даваат нов позитивен резултат и покрај тоа што пациентот целосно се опоравил, вели заменик-директорот на KCDC, Квон Јун Вук.

Резултатите од тестот, исто така, може да бидат неточни ако брисевите не се соберат правилно, вели Еом Јунг Шик, професор по инфектилогија на Медицинскиот факултет на Универзитетот Гакон.