Оваа година беше обележана со голем стрес и неизвесност поради коронавирусот.

Луѓето се борат со вознемиреност и мрачно расположение на различни начини, а еден од нив е гледање филмови и серии. Во овој период од годината, големите продукциски компании и телевизиските и интернет услугите се натпреваруваат да имаат побогата и поразновидна новогодишна и божиќна филмска програма.

Зошто?

Па, затоа што ваквите филмови не прават среќни, и има неколку причини за тоа.

Психолозите зборуваат за два вида среќа: хедонистичка и евдемонистичка.

Хедонистичката среќа е моментална среќа што ја чувствуваме како резултат на санацијата на задоволство и уживање (јадењето чоколадо), а евдемонистичкиот тип на среќа е оној што произлегува од одредени искуства и создава некаква цел и останува со нас подолго. И двата вида на среќа се многу важни за менталното здравје на луѓето.

Празничните филмови ги будат и двете форми на среќа во нас! Ние будиме позитивни емоции додека гледаме хумор, романса, убави локации и уживаме во среќен крај. Исто така, ваквите филмови ни даваат еден вид надеж и утеха и ги покажуваат најдобрите примери на љубов и социјална поврзаност.

Секогаш има порака, која е топла и позитивна.

Ваквите филмови честопати имаат репутација на предвидливи, стереотипни и понизок квалитет, но за повеќето луѓе тие се „тајно уживање“ што ги прави да се чувствуваат добро.

Никој не очекува овие филмови да имаат преголем критички осврт и тешка акција, туку само искрени емоции, убава приказна која завршува со среќен крај.

Оваа предвидливост на филмот ни дава утеха, а празничните филмови се најубавите спомени, спомени од детството и ги охрабруваат многумина да размислуваат за важноста на семејството и блиските луѓе.