Постојат луѓе кои работат дури и кога се болни, како и такви кои често велат дека се болни за да не работат, а има и такви кои наместо да настинат – користат некои други изговори за да не доаѓаат на работа.

Податоците што шефовите ги „собирале“ во минатото, од нивните работници, навистина нè тераат да се запрашаме – кој можел да смисли такво нешто? Одговорот е: Многумина.

Имено, истражувањето покажало дека околу 30 проценти од работниците се јавуваат дека се болни најмалку еднаш годишно, со цел да се избегнат работните обврски. Од страницата „CareerBulider“ велат дека „секогаш кога ќе направат анкета, се изненадени од некој нов изговор и креативност на вработените“.

Не знаеме дали некои генијални работници се навистина убедени дека нивниот шеф ќе им верува, но знаеме дека овие „изговори“ се меѓу 10-те најбизарни. Патем, истражувачите во последно време собрале дури 2.000 чудни изговори.

Една жена не се појавила на работа затоа што се разболела од премногу читање, додека на друга работничка не и било дозволено да го стартува автомобилот бидејќи направила алкотест. Има и такви кои не можеле да појдат на работа затоа што имале скршено срце, како и вработени спречени да работат затоа што нивната почината баба била ексхумирана од полицијата за истрага.

Дали мислите дека ова е доволно бизарно веќе? Ние сме само на половина пат.

Еден работник му рекол на шефот дека не дошол на работа затоа што заборавил дека бил вработен, додека друг работник го заглавил прстот во славината. Други изговори вклучуваат: кучето имаше нервен слом, се изнервирав поради серијата, ме касна птица и фарбав дома, па косата сега ми е портокалова.

Дали вие би им поверувале на овие изговори?