Пратеникот Александар Кирацовски на денешната собраниска расправа за предлозите за нови министри и заменици им порача на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да престанат со спомнување на аферата „Рекет“.

-Дај престанете еднаш веќе со таа афера. ‘Рекет’ па “Рекет’! Јас ќе ви кажам дека првпат борбата против корупцијата во оваа држава почнува од страна на првиот човек во извршната власт, Зоран Заев, за разлика од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, рече Кирацовски во реплика до пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Лилјана Кузмановска.

Таа му одговори:

-Најмалку што требаше некој да излезе овде на говорницава да збори на тема ‘Рекет’ сте вие колега. Заради дигнитетот на пратениците, не кажувам во која група спаѓате вие во оваа голема афера што ја тресе власта. Мој совет е кога ќе се спомне ‘Рекет’, да си седите и да си поќутите таму.