Исланд тестираше 10% од својата популација за коронавирусот, а оваа земја со 364.000 луѓе започна да тестира еден месец пред да биде потврден првиот пациент на нивната територија, училишен пример за управување со пандемијата.

Студијата објавена оваа недела во американското научно списание „New England Journal of Medicine“ на исландски научници и локалната компанија „deCODE Genetics”, “ ги покажува резултатите од програмата за тестирање, започната на 31 јануари, пред да се појави  болеста предизвикана од коронавирусот.

Анализирани се две кампањи за тестирање

Првиот пат се целело на оние кои имаат симптоми слични на тие кои ги рпедизвикува коронавирусот и оние кои се вратиле од земјите со најголем ризик или кои биле во контакт со заразените. Овие тестови покажале дека 13,3% од над 9.000 тестирани лица биле заразени.

Втората кампања за тестирање започнала на 13 март од „de CodeE Genetics“ за остатокот од населението, сите Исланѓани без симптоми или со благи симптоми кои не биле во изолација. Процентот на позитивни случаи кај оваа популација е помеѓу 0,6 и 0,8 проценти.

Првиот случај на инфекција со вирусот KОВИД-19 во Исланд беше потврден на 28 февруари. Досега се тестирани околу 36.000 луѓе во земјата, што ја рпави земја со најголем  број на етстирани по жител. Десет пати повеќе од Јужна Кореја, што е наведено како пример кога станува збор за спречување на ширење на инфекција на тој начин.

За што беше ова тестирање? Тоа секако помогнало да се запре циркулацијата на вирусот со тоа што ќе им овозможи да идентификуваат кои луѓе биле заразени и може да ја пренесат инфекцијата иако немале никакви симптоми или мислеле дека тие само се преладени.

Кога дознале дека се заразени, тие морале да се изолираат две недели и на крајот биле тестирани за да утврдат дека се негативни за тестот.

Исланд не ги затвори градинките и основните училишта, додека средните училишта и факултети беа затворени на 16 март, а потоа следуваа базени, спортски сали, кина, барови и ресторани.

Земјата има 1.739 заразени, што е пропорционално повеќе од другите земји кои тестираат само хоспитализирани пациенти, но бројот на починати (8) е десет пати помал од случајот во Франција.

Исланд смета дека епидемијата поминала и полека почнува да отвора средни училишта, факултети, музеи на 4 мај.

Студијата открива поинтересни информации

Дури 43 проценти од луѓето кои биле позитивни на вирусот немале никакви симптоми или се уште ги немале, што е уште еден доказ за асимптоматското пренесување на вирусот.

Анализите покажуваат дека, на почетокот, болеста ја донеле Исланѓаните кои се враќале од Италија и Австрија. Потоа, патниците од Велика Британија, пред таа земја да биде прогласена за ризична, што значи дека вирусот кружел меѓу Британците уште многу порано.