Откако се мислеше дека коронавирусот во Белград полека се „гаси“, и кога се мислеше дека бројките ќе станат едноцифрени, дојде до експлозија на новозаразени од Ковид-19 во главниот град на Србија пред два дена со 45 нови случаи, што е најлош резултат од 30 април. А тоа е малку подобро од вчера кога имаше само 34 заразени од коронавирусот.

Инфицирани од коронавирус се откриено во студентските домови, училиштата, градинките, мали и средни претпријатија.

10 000 студенти дојдоа во Белград, тие сигурно го донесоа вирусот од областа од каде што потекнуваат – рече, проф. Д-р Бранислав Тиодоровиќ.

 Случајно или не, зголемувањето на бројот на новозаразени се случи на почетокот на јуни, откако се отворија границите со соседните земји (1 јуни), но исто така и откако повеќе не се бараат негативните тестови за влез во Србија од 22 мај ниту за странските граѓани.

Исто така, не треба да се заборави дека градинките се отворија на 22 мај, набргу потоа академиците почнаа да се враќаат на факултетите, додека на 1 јуни учениците почнаа да ги посетуваат училиштата, да одат на подготовките, а осмооделенците имаа пробна мала матура.

Како што се испоставува, студентите кои се заразиле во студентскиот дом „Карабурма“ пристигнале во Белград во тие денови. И бидејќи немале никакви симптоми се дружеле со своите колеги, пријатели, а вирусот се ширел…

Затоа надлежните најавуваат можност за масовно тестирање во студентски домови, особено во Карабурма.

Враќањето на рестриктивни мерки во деловите каде има мини жаришта не е исклучено, но тоа ќе зависи од проценката на теренот. Секогаш постои можност за заострување на мерките. Сепак, тоа нема да се случи ако сегашните мерки дадат резултати – истакна д-р Срѓа Јанковиќ.