За неколку часа ќе стартува првиот 1/8 финален дуел од Лигата на шампиони, помеѓу екипите на Арсенал и Барселона.

Францускиот интернационалец од редовите на лондонскиот премиерлигаш, Оливие Жиру, е еден од ретките фудбалери кои смета дека “топчиите” имаат и повеќе од реални шанси да го елиминираат актуелниот светски и европски клупски шампион.

Зошто да не победиме? Имаме квалитет за такво нешто. Ова ќе биде потполно поинаков меч од тој минатата сезона со Монако. Нашето внимание мора да биде на теренот 100 проценти. Мораме да се држиме заедни, да бидеме посветени и да не се предадеме во ниеден момент. Со натпреварот против Барселона ќе оставиме низа од тешки средби зад нас. Мило ми е што некои повредени играчи имаат сила да се вратат на теренот и да ни помогнат. Дени Велбек ни е на располагање, а по натпреварот со Лестер верувам дека нашите навивачи повторно ќе се радуваат, изјави искусниот напаѓач.