Кога ќе се каже „бела куќа“ прва асоцијација е познатиот дом на претседателот на САД во Вашингтон. Но дали знаете зошто оваа резиденција е со бела боја?

Градбата на белата куќа, која тогаш се нарекувала Претседателска куќа, започнала 1791 година и била подготвена за својот прв жител – вториот претседател на САД Џон Адамс, 1800 година. Својата позната боја, оваа резиденција ја добила две години претходно.

Оригинално, ѕидови биле исфарбани со обична боја, кој ја чувала конструкцијата од оштетување. Работниците редовно ја одржувале фасадата, со што бојата секогаш изгледала свежа.

Иако оваа зграда официјално добила име Претседателска куќа, поради важноста и масовноста на самата институција, наскоро според градбата добила прекар Бела куќа. На почетокот на 1812 година, конгресменот Аби Бигел го користел овој назив и во писма, а во 1818 година ѕидовите биле префарбани во блиставо бела боја.

Дури три години подоцна, 1901 година, прекарот Бела куќа станува официјално име, благодарение на Теодор Рузвелт.